Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, ќе ја брани титулата во рускиот шампионат.
Московската екипа во полуфиналето од плеј-офот за ривал ја имаше незгодната Астраханочка и успеа да триумфира на двата натпревари.
Избраничките на Олга Акопјан на првиот натпревар победија со 35:28, додека на денешниот остварија поубедлива победа, триумфираа со 30:21.
Ристовска повторно имаше одлична партија и беше меѓу најдобрите стрелци со четири постигнати погодоци.
Ривал на ЦСКА Москва во финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Ростов Дон и Черноморочка.