ЦСКА Москва го освои трофејот во рускиот Куп – триумф над Ростов на Дибирова

Тимот на ЦСКА Москва го освои трофејот во Купот на Русија, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше над големиот ривал Ростов Дон, кој е предводен од легендарната Ирина Дибирова, која седеше и на клупата на Вардар.

На домашен терен во Москва, каде што се играше завршниот турнир, ЦСКА Москва победи со 30-25, откако и на паузата имаше плус два, 15-13.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Семина и Санталова со по шест гола, а голманката Каплина имаше 12 одбрани. Кај Ростов Дон се истакна Стаценко со шест погодоци.

До овој натпревар, Ростов Дон имаше серија од 28 победи по ред оваа сезона и беше без загубен меч, но кога најмногу требаше тогаш некогашниот учесник во ЛШ не одигра на своето ниво. Шансата за одмазда ќе ја бара во првенството.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]