Тимот на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, им се врати на победите во рускиот шампионат.
Во натпревар од втората фаза од најквалитетното натпреварување во Русија, московската екипа на свој терен славеше над Кубан Краснодар со 38:25.
Избраничките на Олга Акопјан победата ја обезбеидја уште во првото полувреме, кое го добија со 19:13.
Ристовска на теренот одигра 22 минути и успеа да има 100% реализација, четири од четири.
ЦСКА Москва во следното коло за ривал го има актуелниот лидер, тимот на Ростов Дон.