Ракометарите на Вардар против Мелсунген на гостински терен ќе ја затворат главната рунда од Лигата на Европа, а „црвено-црните“ на овој натпревар ќе имаат можност да сметаат и на поддршка од своите навивачи.
Од Вардар информираа дека е постигнат договор со германскиот клуб за обезбедување посебен сектор за „црвено-црните“ навивачи, што ќе им овозможи на фановите во живо да го бодрат својот тим.
Сите заинтересирани можат да ги обезбедат билетите преку официјалниот ЛИНК, по цена од 20 до 25 евра.
„Упатуваме благодарност до екипата на Мелсунген за коректната соработка и со нетрпение ги очекуваме европските натпревари“, порачаа од редовите на Вардар.
Натпреварот против Мелсунген на гостински терен ќе се игра на 10 март.























