Вардар славеше на гостувањето кај бундеслигашот Мелсунген со 34-25 и со осум бода остана на лидерското место во групата 3.
Со овој триумф, македонскиот вицепрвак ја скокна осминафиналната пречка и се пласираше директно во четвртфиналето.
Таму ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу францускиот Монпелје и норвешкиот Елверум, кои треба да играат на 31 март и 7 април.
Вардар на 28 април прво ќе гостува во Франција или Норвешка, а потоа на 5 мај во Скопје ќе се бори за место на завршниот турнир во Хамбург.
























