Црвена Звезда има нова цел – ќе ја враќа Андреа Лекиќ од пензија!

Српскиот шампион Црвена Звезда го потврди најавениот трансфер на легендарната голманка Катрине Лунде до крајот на оваа година.

Но се чини дека раководството на српскиот првак, кој оваа сезона ќе игра во Лигата на Европа, нема да застане тука.

Српскиот „Моцарт Спорт“ најавува дека од Црвена Звезда ќе се обидат да ја убедат Андреа Лекиќ да ја прекине играчката пензија и да му помогне на клубот за подобри европски настапи.

Таа ја заврши кариерата во јуни како членка на унгарскиот Ференцварош, но настап за клубот од татковината би можел да ја премисли некогашната вардарка.

Црвена Звезда има лесен ривал во швајцарскиот Нотвил во првото коло од Лигата на Европа, но вистинскиот испит следува во второто каде противник е унгарскиот Естергом.