Црногорскиот и некогашен европски првак Будуќност, сосема извесно, нема да ја доживее судбината на многу гиганти.
Ако им се верува на црногорските медиуми, Општина Подгорица ќе го преземе раководењето на клубот и нема да дозволи тој да згасне.
Нечелен план постои, одредениот буџет исто така постои, а во моментов се работи на создавање на законски предуслови како би се реализирал проектот.
На крајот сепак целата процедура мора да помине и на гласање во Советот на Општина Подгорица. Планот на долг рок е Општината да добие на време за да пронајде заинтересирани компании што би можеле да вложуваат во Будуќност.
Дали ќе има доволно време ЕХФ да добие гаранции дека Будуќност ќе игра и во Лигата на шампионите, останува да видиме, но со секој изминат ден, таквите шанси се намалуваат.