Црногорецот Чавор испиша историја во Вецлар!

Црногорскиот репрезентативец Стефан Чавор од неделата влезе во историјата на бундеслигашот Вецлар.

Тој со 860 постигнати погодоци стана најдобар стрелец во историјата, откако на мечот против Гумберсбах, го надмина досегашниот лидер Небојша Голиќ.

Рекордот на Голиќ со 856 голови беше поставен од 2007 година, и требаше да поминат дури 17 години за да биде надминат.

„Никогаш не мислам за бројките. Но секако дека сум среќен и горд што го надминав рекордот. Се чувстувам одлично во Вецлар, кој стана мој втор дом“, изјави Чавор.

Црногорскиот десен бек своевремено беше во Битола и кратко беше дел од Пелистер, а потоа кариерата од Будванска Ривиера го однесе во Сиудад Реал, па во Целје, унгарскиот Чурго пред да дојде во Вецлар во 2016 година, каде играше заедно со легендарниот Македонец Филип Миркуловски, кој сега е асистент тренер.