Селекцијата на Црна Гора ќе се врати дома по само три натпревари од групната фаза на ЕП, откако загуби и од Фарски Острови со убедливи 13 гола разлика, 37-24.
За разлика од претходниот меч кога одлично и парираа на Словенија, сега тоа не беше случај и „овчарите“ уште од стартот си го фатија редот. Бранко Вујовиќ мечот го заврши со шут 0/8, Ристо Вујачиќ доби црвен картон, а Стеван Вујовиќ исто така имаше слаба партија.
На паузата Фарски Острови водеше со 19-12, а вториот дел беше само формалност. Најдобри стрелци кај победникот беа триото Теигум, Скипаготу и Митун со по девет голови, а кај Црна Гора повеќе ракометари постигнаа по три гола.
Полска исто така ќе си оди дома, откако загуби вторпат убедливо, овојпат од Исланд со 31-23. Момците на Хота Гонзалез парираа во првото полувреме, но во вториот дел нивната игра комплетно се распадна.
Вардарецот Валах на голот запиша десет одбрани, а најдобар стрелец беше Олејничак со пет гола. Кај Исланд, се истакна Торкелсон со шест погодоци.


























