Црна Гора без шанса против моќната Норвешка

Репрезентацијата на Норвешка ја оправда фаворитската улога и убедливо ја победи Црна Гора со 32-23 во четвртфиналето на Светското првенство. Европскиот и олимписки првак обезбеди место во полуфиналето и ќе уште една шанса за медал на големите натпреварувања.

Прашањето околу победникот беше решено уште по првото полувреме. Норвежанките влегоа моќно во мечот, диктираа темпо и дојдоа до висока предност од осум гола (19-11). Во продолжението само ја потврдија својата супериорност и рутински стигнаа до очекуваниот триумф.

Црна Гора не успеа да се наметне и да создаде реални шанси за изненадување. Норвешка во еден момент стигна и до највисоки плус 12, по што противникот мораше да се помири со елиминација.

Најдобар стрелец во норвешкиот состав беше Хени Реистад со девет гола, додека најистакната кај Црна Гора беше Ѓурѓина Јауковиќ со осум погодоци. Во полуфиналето Норвешка ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Холандија и Унгарија.