Селекторот на Црна Гора, Дидие Динар, нема да смета на услугите на левиот бек Вуко Борозан за претстојниот двомеч со Унгарија од квалификациите за ЕП 2026.
Во договор со стручниот штаб, левиот бек на Вардар ќе ја искористи ЕХФ неделата за да ја залечи повредата што ја влече подолго време.
Сепак доколку има потреба, тој ќе се стави на располагање, а Динар на левата бековска позиција ќе ги има Драгашевиќ, Чепиќ, Божовиќ и Калуѓерови…
Црна Гора и Унгарија ќе играат за првото место во групата, откако двете селекции остварија по две победи над Словачка и Финска.