Цокан и Скубе го водеа Слован до триумф во Супер Купот на Словенија

Амбициозниот словенечки тим Слован Љубљана го освои првиот трофеј во новата сезона, откако триумфираше во Супер Купот над Крка со 36-29.

Избраниците на Урош Зорман го најавија триумфот уште по првиот дел кога водеа со три гола разлика, 15-12.

Тим Цокан со осум и Сташ Скубе со пет го предводеа Слован до победа, додека голманот на љубљанскиот тим Небојша Бојиќ беше прогласен за најдобар голман.

Од 2007 година, 15 Супер Куп натпревари се одиграни во Словенија. Целје е рекордер со осум трофеи, Горење има четири, а покрај Слован Љубљана, по еден имаат Крка Ново Место и Копер.