Цикатиќ: Едвај чекам да ги видам полните трибини во Битола

Новиот кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, Кајо Цикатиќ, ги сподели првите импресии по трансферот во Битола.

Хрватскиот интернационалец вели дека е задоволен од приемот во Битола и откри дека едвај чека да ги види полните трибини.

„Би сакал да се заблагодарам на сите членови на управата и луѓето во Битола кои ме прифатија одлично. Градот како град е преубав и благодарен сум на пружената прилика да играм тука. Едвај чекам да видам полни трибини, а јас кога ќе ја добијам својата шанса ќе го дадам својот максимум. Гледав доста натпревари на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, но и македонското првенство, кое секоја година е се посилно. Не е дека има само еден-два клубови кои се борат, туку четири-пет и ќе биде тешко да се повтори успехот од лани, но уверен сум дека ќе можеме. Ќе дадам максимум, ќе пролијам крв и пот на натпреварите и тренинзите. Својот придонес сакам да го покажам на теренот, тоа е најдобар начин, а не преку зборови“, изјави Цикатиќ.

Македонскиот шампион ќе подготвува во Битола и на Златибор, а ќе настапи на турнири во Струга, Болу и Добој пред стартот на новата сезона.