Довчерашниот шампион на Словенија, тимот на Целје, иако нема да игра во Лигата на шампионите, сепак, создава респектабилен тим за новата натпреварувачка сезона.
По ангажирањето на португалскиот селектор Пауло Переира и довчерашниот член на Копер, младиот Андраж Макуц, словенечкиот клуб денеска го промовираше новото засилување.
Ново име во редовите на Целје е репрезентативецот на Украина, Олександар Онуфриенко, кој во последните две сезони настапуваше за Мотор.
Освен за Мотор, кружниот напаѓач во својата кариера го носеше дресот и на СКА Минск и грчкиот Аеропос Едеса.
Во Словенија ќе го има второто интернационално искуство во својата кариера, а во Целје доаѓа како замена за Рок Мариќ и Игор Жабиќ.
Дресот на Целје од следната сезона ќе го носи и членот на Ференцварош, средниот бек Алекс Богнар.