Словенечки Целје се пласираше во полуфиналето на Купот на ЕХФ откако ремизираше, 36-36 на гостувањето во Романија кај Бузау. На првиот меч во Словенија славеа домаќините со 41-32.
Целје во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Охрид – Олимпијакос. Македонскиот тим победи во Атина со 31-26, а на полувреме во Охрид имаше предност од 14-12.
Во второто полуфинале ќе игра Татабања која „преживеа“ во Турција и го победи тимот на Бурса со 37-35.
Татабања во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп ќе игра против победникот од дуелот меѓу Извиѓач и Карвина. Таму босанскиот тим славеше со пет гола на првата средба.
























