Цела сала на нозе: Кузмановски се врати дома и со цепелин го „поздрави“ ПИК Сегед (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по четири сезони се врати во родната Битола и го облече дресот на Еурофарм Пелистер.

Битолската публика во „Боро Чурлевски“ му посака „добредојде дома“, а тој за старт ја поздрави со погодок со цепелин на стартот.

Еурофарм Пелистер игра против ПИК Сегед во осмото коло од Лигата на шампионите, а Кузмановски ја доби довербата од тренерот Ангеловски уште на стартот.

Погледнете го првиот погодок на Кузмановски во зелениот дрес по камбекот од Бундес лигата….