Нејц Цехте останува во Битола

Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со шампинот Еурофарм Пелистер за уште една сезона.

За Цехте ова ќе биде третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија.

Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб. Својата професионална кариера ја градеше во Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска).

Со Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули, а во претходните две европски сезони постигна педесет погодоци (16 гола во сезоната 2024/25 и 34 гола во сезоната 2023/24).