Чутура објави список за дуелите со Шпанија – смета на Борзаш и Радивојевиќ!

Повремениот селектор на машката репрезентација на Србија, Далибор Чутура, го објави поширокиот список на играчи пред двата квалификациски натпревари против Шпанија за пласман на Европското првенство 2026.

На списокот кај Чутура се наоѓаат и двајца членови на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Станува збор за левиот бек Урош Борзаш и десното крило Богдан Радивојевиќ, кој е меѓу најдобрите стрелци во битолскиот тим.

Меѓу повиканите на поширокиот список има и неколку млади надежи на српскиот ракомет како Лука Роган (Лајпциг), Урош Митровиќ (Тулуз), Симо Шијан (Скјерн), Вукашин Антонијевиќ (Целје), Милош Кос (Ерланген)…

Србија, освен Шпанија, во својата  квалификациска група за ривали ги има уште репрезентациите на Италија и Летонија. И против двете играше на стартот од квалификациите, победи против Летонија, но не(очекувано) загуби од Италија.