Чурлевски МВП – го водеше ГРИФК до нов триумф

Тимот на ГРИФК, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, запиша втор триумф и се наоѓа на чекор до плеј-офот во финскиот шампионат.

ГРИФК славеше кај АИФК со 26-22, а предводник кон новата победа беше македонскиот среден бек.

Чурлевски успеа да постигне пет погодоци во противничката мрежа и беше прогласен за МВП на мечот.

ГРИФК се наоѓа на петтото место на табелата со 20 бодови, а тоа ќе биде доволно за пласман во четвртфиналето на плеј-офот во Финска.