Тимот на ГРИФК, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, се пласираше во полуфиналето на плеј-офот од финскиот шампионат.
ГРИФК по триумфот на гостински терен со 21-20, славеше и на домашен терен со гол разлика, 20-19.
Чурлевски на овој натпревар успеа да постигне четири погодоци, а ГРИФК ја доби серијата со 2-0 во победи.
Ривал во полуфиналната серија што се игра до три победи на ГРИФК и Чурлевски ќе има биде БК-46.
























