Тимот на ГРИФК каде што настапува македонскиот интернационалец Филип Чурлевски ќе се бори за трофеј во Купот на Финска.
ГРИФК во полуфиналниот натпревар славеше против ХИФК со 30-25, а Чурлевски беше меѓу најдобрите поединци.
Битолчанецот постигна седум гола во противничката мрежа и беше втор стрелец зад Лаине кој даде 12.
Противник на Чурлевски и ГРИФК во битката за трофејот ќе биде шампионот БК-46, кој во второто полуфинале го победи Рихимаки Кокс со 33-25.




















