Вардар победи на стартот од групната фаз аод Лига Европа со 34-29 против Сесвете, а за тренерот Иван Чупиќ најважно е дека се победило, и се освоиле бодовите на почетокот на сезоната.
Домаќините неколкупати имаа предност од 5 гола, но гостите се враќаа, а во вториот дел израмнија на 21-21, што беше единствено израмнување на резултатот. Од тој момент Вардар се „налути“ брзо пак направи предност што им ја донесе победата.
„Ќе издвојам, два сегменти. Влегување со агресивност со трчање и многу притисок. Но потоа имавме голем проблем, од 15 минута до крај, Примивме голови од транзиција, брз центар и контра. Отворивме добро во второ полувреме, и беше 21-15 и тие десетина минути игравме тешко. Не се снајдовме на нивната 5-1 зона која беше добра. Знаевме дека мораме да играме подобро одбрана, голови од транзиција. Бевме 10-15 минути конфузни. Моите играчи покажаа карактер. На хартија си фаворит, но во Лига Европа се е поинаку, секое отварање е секогаш тешко со притисок, после 21-21 покажавме карактер со добар голман.
Задоволен сум од првата победа, баравме рецепт. Особено на 5-1 зона. Но покажавме добар ракомет, но сега е прв меч, другото се заборава, освен бодовите и победа. Продолжуваме да работиме, вели Иван Чупиќ.
Во следното коло Вардар гостува кај Тулуз, а францускиот тим вечерва од 20,45 го игра својот меч на домашен терен против Кристијанштад.