Чупиќ прозиваше во Вардар

Новиот тренер на Вардар, Иван Чупиќ направи прозивка пред почетокот на новата сезона. Вардарци деновиве ќе тренираат во групи во теретана заедно со кондицискиот тренер, и истовремено ќе треба сите игралчи да ги минат медицинските прегледи. Потоа почнуваат со тренинзи со топка и во сала.

Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје вклучувајќи ги и засилувањата: Урош Митрвиќ, Марек Марчинијак, Милош Валах, Виктор Јанковски, Христијан Анастасовски, Мамаду Кеита, Јака Малус, Николас Боно, Хироки Тавада, Филип Талески.

Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Куп, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.