Чупиќ прозиваше, Вардар тргна без петмина

Македонскиот вицепрвак Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата и Лига на Европа.

Тренерот Иван Чупиќ прозиваше, а во овој дел од подготвителниот период, Хрватот нема да смета на на шестмина ракометари.

Со Србија на ЕП е десниот бек Урош Митровиќ, додека со Полска се голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски, десниот бек Марек Марчињак, а средниот бек Николас Боно ќе игра за Аргентина на првенството на Средна и Јужна Америка.

Вардар ќе тренира во Скопје, а кон крајот на месеци на 30 и 31 јануари ќе игра во хрватскиот град Лабин на силен турнир со словенечкиот Слован Љубљана, хрватските Сесвете и Загреб.

„Црвено-црните“ првиот меч од Супер лигата го играат на 7 февруари против Куманово, додека на 17 февруари гостува кај Бенфика во првиот меч од Лигата на Европа.