Чупиќ без еуфорија: Да се издржи до јуни

Вардар во првите три кола од домашното првенство во плејофот ги игра најтежките и најважни натпревари, во Автокоманда, Битола и Охрид. На првите две средби „црвено-црните“ гостуваат. За една недела двапати ќе гостуваат во Автокоманда.

„Тешко е да збориме за тоа, знаеме дека секој викенд е дерби меч. Нашиот план го направивме, ја задржавме предноста од 4 бода од регуларниот дел, почнува натпреварувањето. Не е само сабота, не е Автокоманда, маратон е тоа, мора да се издржи до јуни. Тогаш можеме да се опуштиме, тоа е фокус на играње секој вторник и секоја сабота, смета Чупиќ.

Утре во Скопје доаѓа Германски Мелсунген, а потоа на 2 февруари Вардар гостува во Автокоманда, а на 15 март гостува во Битола. Потоа е домаќин на Охрид, по што ќе се знае повеќе како ќе биде до крај на сезоната и кој има шанси да биде шампион.

Целосен распоред за плеј-оф: Шампионот ќе се круниса во Битола, Скопје или можеби Кавадарци