ЧУДО ВО ХЕРНИНГ: Томовски е херој, Македонија ремизираше со силната Португалија!

Машката репрезентација на Македонија ремизираше со Португалија, 29-29, откако голманот Мартин Томовски одбрани два шута на ривалот во последната минута. Со овој бод, Македонија останува во игра за место во ТОП 12 на ЕП. Предводена од капитенот Кузмановски, кој даде 15 голови, а во финишот и Томовски кој имаше одлична партија во вториот дел, Македонија заслужи и победа, но на крајот мечот заврши реми.

На полувреме Македонија засотануваше два гола иако во текот на триесете минути имаше иницијатива и играше квалитетен ракомет. Сепак, пропустите во одбрана и неискористените шанси во нападот им донесоа предност на Португалците. Катастрофален почеток на второто полувреме каде Македонија брзаше да израмни беше контрапродуктивно, па наместо неизвесност Португалија создаде капитални плус пет. Сепак нашите момци покажаа карактер и храброст и успеаја да останат непоразени на овој меч.

Македонската селекција беше рамноправен и поквалитетен противник во првиот дел, но двете исклучувања во составот на Македонија и црвениот картон на Маркоски во 15. минута им овозможија на Португалците да ја контролираат играта и резултатот.

Португалија преку Итуриза го отвори резултатот, но Македонија беше првата репрезентација која дојде до два гола позитива. Сепак исклучувањето на Марко Стојковиќ донесе немир во составот на Лазаров и две грешки кои не чинеа израмнување на резултатот. По првите десет минути на семафорот стоеше 10-10.

Но „црвено-жолтите“ ја продолжија иницијативата и го диктираа темпото се до второто исклучување во нашите редови, овојпат на Мартин Серафимов. Во ситуација со играч помалку за Македонија, како и црвениот картон за Никола Маркоски во 15 минута, Португалија го врати минималното водство и го одржуваше до 20. минута. Македонија заигра поквалитетно во одбраната, а како награда ја вратија предноста и иницијативата. Така беше се до 27 минута, кога наместо да ја искористиме предноста од играч повеќе дозволивме Португалците да се одбранат, а потоа и да дојдат до највисокото водство за нив на дуелот од 15-13, резултат со кој двете екипи заминаа на полувреме.

, Serbia vs Germany, EHF Men’s Euro 2026, Herning, Denmark, 18.01.2026, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

На почетокот на второто полувреме Португалија успеа да одбрани два напада благодарение на избрзани шутеви од неизградени позиции на македонскиот напад. Затоа на спротивната страна се редеа голови, па само по четири минути игра Португалците имаа предност од пет голови 18-13.

Кога веќе беше разбиена играта на избраниците на Лазаров, португалските бекови го покажаа својот квалитет и полесно се одлучуваа на шутеви кои најчесто го наоѓаа своето место во голот на Македонија. Во игра каде двете екипи брзаа да постигна погодок, профитираше Македонија која намали три гола од високата негатива. Во 50. минута Македонија ја врати негативата од полувремето.

Томовски успеа да фати еден удар додека се враќаше на голот, Лазаров повика тајм-аут, а тоа ги крена нашите ракометари. Кузмановски искористи една дупка во португалската одбрана, и намали на 26-25, а изнуди и исклучување на Итуриза. Томовски одново одбрани шут, казната стигна преку Серафимов и беше нерешено на пет минути до крајот на мечот.

Беше и 27-27, а Кузмановски израмни потоа на 28-28, откако Ѓорѓиев изнуди исклучување на Фраде и пенал. Уште по еден гол на двете страни, а на почетокот на последната минута Переира повика тајм-аут. Томовски одбрани шут на Кошта, потоа уште еден но не успеавме да јја задржиме топката и мечот заврши.

Следен меч на ЕП за Македонија е на 20 јануари против Романија од 18:00 часот.