Романскиот шампион ЧСМ Букурешт договори големо засилување за наредната сезона – доаѓа руската репрезентативка Дарија Дмитриева.
Таа ја одработува втората сезона во унгарскиот Ференцварош, а во спротивна насока ќе замине Елизабет Омореги.
Трампата беше најавена во ноември, а сега официјално потврдена, па Дмитриева ќе продолжи во романскиот првак.
Русинката потпиша договор на две сезони и ќе остане во тимот на Бојана Поповиќ најмалку до 2028 година.
Дмитриева потекнува од Лада Тољати, во Русија играше за Динамо Волгоград и ЦСКА Москва до 2022 година, пред да замине во словенечкиот Крим.
























