Романскиот шампион ЧСМ Букурешт од следното лето ќе биде посилен за норвешката репрезентативка Кристина Новак.
Десниот бек на норвешката репрезентација заминува од францускиот Брест Бретањ и од јули ќе се пресели во Романија.
24-годишната Новак, која сениорското деби за Норвешка го имаше против Македонија на ЕХФ Евро Купот во 2022 година, потпиша договор со ЧСМ Букурешт на две сезони.
Tаа ќе формира дуо со полската репрезентативка Моника Кобилинска на десната бековска позиција во составот на Хеле Томсен.
Новак е второ засилување за ЧСМ Букурешт, откако претходната недела беше промовирана данската репрезентативка Ане Мете Хансен.