Градоначалникот на Букурешт го откри буџетот на главниот клуб од градот, ЧСМ Букурешт, а тој воошшто не е мал.
Според зборовите на функционерот, тимот на ЧСМ Букурешт располага со 13,8 милиони евра годишно. И сите пари доаѓаат токму од градот.
„Буџетот на клубот изнесува 70 милиони леи. Се чини дека тоа е многу, но во него се вклучени и парите што ги плаќаме за одржување на тренинзи на повеќе од 700 деца кои ја посетуваат академијата на клубот. Сметам дека е неопходно да имаме тим со кој можеме да се гордееме. Тој носи дополнителна вредност на граѓаните, затоа што сите се гордееме со неговите победи во различни натпреварувања, и на домашната, и на меѓународната сцена. Во Романија сега бизнисот не инвестира во ракомет, затоа што тоа не е фудбал, не е доволно профитабилно. Сè додека не направиме таква ситуација, општината мора да продолжи да ја презема одговорноста за финансирањето на овој ракометен клуб, затоа што тој носи многу слава на градот“, вели Стелиан Будувјану.
Ова значи дека ЧСМ Букурешт има поголем буџет од многу машки екипи во Лигата на шампионите како Загреб, Еурофарм Пелистер, Гудме, па и Келце, Нант, Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон…
Повисок буџет од женскиот романски шампион, иако неофицијално имаат само унгарскиот Веспрем и францускиот ПСЖ, кој има близу 17 милиони евра годишен буџет, со таа разлика што овие два тима добиваат пари од спонзори, додека романскиот тим се финансира само од градската благајна.