Актуелниот член на Металопластика, Матеја Додиќ, во следната сезона треба да направи трансфер од соништата, односно да заигра за најтрофејниот клуб од Хрватска и редовен учесник во ЛШ, Загреб.
Според пишувањата на српскиот портал „Моцарт спорт“, раководството на Загреб посакува во своите редови да го донесе Матеја Додиќ, кој е дел од најдобрата генерација српски ракометари во последните десет години, генерација која пред две години освои бронза на Европското младинско првенство во Португалија.
Загреб важи за една од подобрите средини за развој на млади играчи, па така Додиќ ќе има шанса за подобар развој и покажување на своите квалитети во европската елита. Загреб за оваа се Иван Чупиќ и Златко Хорват.
Сега прва опција на позицијата десно крило во таборот на хрватскиот шампион е репрезентативецот Филип Главаш, а тука се и Паоло Краљевиќ и младиот Петар Шпрем. Матеја Додиќ својата кариера ја започна во Младост од Врање, потоа играше во Лесковац, а во последните сезони е член на Металопластика од Шабац.
Со тимот од Шабац го освои Купот на Србија, како и Супер купот во 2022 година. Во 2023 година беше прогласен за најдобар спортист во Шабац. Поради одличната статистика, важи за еден од најдобрите играчи во српскиот шампионат.