Словенечкиот шампион Целје, кој не игра според посакуваното ниту на домашна сцена, ниту во Лигата на шампионите, реши да го испрати на позајмица босанскиот репрезентативец Амир Муховиќ.
Како што пишува „Српска Инфо“, кружниот напаѓач за поголема минутажа ќе го носи дресот на некогашниот европски шампион Борац.
Младиот ракометар во клубот од Бања Лука би настапувал до крајот на оваа сезона. Борац ќе има можност и да го откупи неговиот договор и да го земи под свои закрила перспективниот ракометар.
Муховиќ минатата сезона од Извиѓач се пресели во Целје и уште на стартот се покажа во солидно светло.
Во Целје на позицијата кружен напаѓач настапуваат уште Леон Грегориќ и Стефан Жабиќ.