Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер имаше поддршка и на гостувањето кај Висла Плоцк во натпреварот од петтото коло од Лигата на шампионите.
Полскиот првак на социјалните мрежи објави фотографија со „чкембарот“ кој мина дури 1.800 километри да го бодри омилениот клуб.
„Овој фан на Еурофарм Пелистер патуваше околу 1.800 километри за да навива за својот омилен тим на натпреварот против Висла Плоцк во ‘Орлен Арена’. Како почит за неговиот гест, тој доби мал подарок од нас“, напишаа од Висла Плоцк.
„Чкембари“ беа присутни и на претходните гостувања во Париз и во Букурешт, кога пелистерци играа со ПСЖ и Динамо Букурешт.
Следен предизвик на домашен терен за Еурофарм Пелистер ќе биде мечот со Веспрем на 24 октомври, додека на 31 октомври следува гостување кај данската Фредериција.