Дури шестмина ракометари што настапуваат во македонскиот шампионат се најдоа на списокот на српскиот селектор Тони Херона пред стартот на ЕП во Германија.
Херона смета на четворица членови на Вардар и двајца на шампионот Еурофарм Пелистер, кои се најдоа на поширокиот список од 35 ракометари.
Станува збор за левото крило Марко Срдановиќ, десните крила Богдан Радивојевиќ и Дарко Ѓукиќ, како и левите бекови Матија Николиќ, Урош Борзаш и Стефан Петриќ.
На списокот на Херона се уште петмина што играле во Македонија – Дејан Милосављев, Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ и Предраг Вејин.
Србија е во незгодна група на континенталниот шампионат и ќе игра против Унгарија, Црна Гора и Исланд.