Квартет македонски репрезентативци може да дебитираат на ЕП!

На скратениот список на Кирил Лазаров за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка се најдоа и четворица ракометари, за кои континенталниот собир може да биде прво големо натпреварување.

Иако тројца од нив не се дебитанти во сениорскиот дрес и имаат играно на пријателски или квалификациски натпревари, сепак настапот на ЕП, би можел да е прв на големо натпреварувањe.

Станува збор за левиот бек Дамјан Митев, средниот бек Мартин Ивановски, како и кружните напаѓачи Михаил Аларов и Самоил Ристевски. Лазаров допрва треба да направи уште еден рез на списокот пред да бидат одредени патниците за Данска.

Митев и Ритевски веќе имаат искуство со настапи за кадетската и младинската репрезентација на ЕП и СП.

Македонија ќе се собере на 22 декември, ќе се тренира во Пореч и Винтертур пред заминувањето за Данска, а ќе бидат одиграни пријателски  натпревари со Хрватска, Швајцарија, Бахреин и Украина.

Нашите момци на ЕП ќе играат против Данска, Романија и Португалија од 16 до 20 јануари.

Лазаров избра – 21 ракометар во конкуренција, без важен адут на ЕП!