Четири желби, а само еден трофеј – стартува Ф4 во Лигата на шампионите

Во центарот на вниманието на европската ракометна јавност ќе биде завршниот турнир во Лигата на шампионите кај дамите во Будимпешта.

Актуелниот бранител на титулата, Ѓер, ќе има тежок предзвик во полуфиналето и ќе се соочи со данскиот Есбјерг од 15:00 часот.

Второто полуфинале во „МВМ Арена“ во Будимпешта ќе биде исто така интересно, бидејќи ќе играат данскиот Оденсе и францускиот Мец од 18:00 часот.

Голманката на Оденсе, легендарната Катрин Лунде, ќе настапи на својот шести Ф4 во ЛШ, а досега има освоено осум шампионски титули во најелитното женско клупско европско натпреварување, а дали ќе ја продолжи традицијата, останува да видиме.