Четири сезони бранеше во Португалија, сега се враќа во татковината!

Екипата на Црвена Ѕвезда, која во последните неколку сезони се соочуваше со финансиски проблеми, за следната сезона планира да направи тим кој ќе може барем да обезбеди пласман во плеј-оф фазата од српскиот шампионат.

Пред извесен период, раководството на клубот за нов тренер го назначи некогашниот репрезентативец на Србија, Марко Кривокапиќ, кој во тимот од Белград ќе го има првиот самостоен ангажман.

Што се однесува до играчкиот кадар, ново име во таборот на Црвена Ѕвезда е искусниот голман Радуле Радуловиќ. Црвена Ѕвезда со новото засилување би требала да биде поконкурентна на домашна сцена.

35-годишниот голман има богато интернационално искуство, последните четири сезони ги помина во Португалија, претходно на интернационално ниво беше дел од АЕК Атина, Градачац и Слога Добој.

Освен Радуловиќ, клубот до овој момент ги има ангажирано уште Немања Момчиловиќ и Алекс Скубан, а наскоро се очекува да пристигнат нови имиња.