Четири селекции обезбедија место на Мундијалот во Германија

Покрај домаќинот Германија и светскиот првак Данска, познати се уште четири селекции што обезбедија место на Мундијалот наредната година.

Пред финалниот ден на првенството на Средна и Јужна Америка, познати се селекциите што ќе завршат во ТОП 4.

Тоа се Бразил, Аргентина, Чиле и Уругвај, а на последните две места останаа домаќинот Парагвај и Перу.

Останатите места на Мундијалот ќе бидат пополнети од другите континенти – Африка (5), Азија (4), Европа (14), Северна Америка и Кариби (1) и вајлд-карти (2).

Од ЕП 2026 на СП 2027 ќе се пласираат четирите полуфиналисти, а уште десет селекции своето место ќе го обезбедат преку баражот во мај.

Светското првенство во Германија ќе се игра од 14 до 31 јануари 2027 година во шест градови – Магдебург, Келн, Штутгарт, Хановер, Минхен и Кил.