На истиот ден на кој машката репрезентација на Македонија ќе го започне настапот на Европското првенство во Германија, пред четири години ја забележа последната победа на континенталниот собир.
На 10 јануари 2020 година во Виена, Македонија со голот на Кире Лазаров во последната секунди ја победи Украина со 27-26.
Оттогаш машката репрезентација реди само порази на Европските првенства. Тогаш во групата Македонија загуби од Чешка и Австрија.
Серијата на пет порази продолжи и на ЕП 2022 во Унгарија и Австрија, каде нашата репрезентација беше совладана од Црна Гора, Словенија и Данска.
Дали ќе продолжи ваквата серија или можеби нашите ракометари ќе приредат сензација останува да видиме околу 20:00 часот.
Мечот против Франција се игра денеска на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф со почеток во 18:00 часот.