Европската ракометна федерација денеска го објави ранкингот за европските купови за наредната 2025/2026 година.
Нема промени во поглед на местото на Македонија во Лигата на шампионите, таму повторно ќе мора да се бара вајлд-карта.
Во Лигата на Европа, нашата држава има пад за едно место, но тоа нема промени во однос на бројката на клубови што ќе играат во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Македонија ќе има два претставници – еден во групната фаза, додека вториот ќе игра во квалификациите, освен ако не добиеме вајлд-карта за ЛШ, па вицепрвакот ќе оди директно во групи.
Во Европскиот Куп исто така ќе биде без промени и Македонија има две места во најслабото натпреварување.