Чест и привилегија: Куманово ќе биде домаќин на Македонија и Јапонија

По многу години пауза, машката ракометна репрезентација на Македонија повторно ќе игра натпревар во Куманово.

По Струмица и Битола, овој пат „црвено-жолтите“ ќе се преселат во Куманово, каде ќе го одиграат вториот натпревар во реновираната спортска сала.

Избраниците на Кире Лазаров ќе одиграат контролен меч против Јапонија на 1 ноември во 16:00 часот, во рамките на ЕХФ неделата и како дел од подготовките за Европското првенство 2026 кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Претходно Македонија ќе игра со Јапонија, два дена претходно на 30 откомври со почеток од 18:00 часот.

Тој натпревар ќе биде од затворен тип и нема да биде отворен за публиката.