Emil NIELSEN, Denmark vs Czechia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 11.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

Чесите имаат кошмари: Нилсен за едно полувреме им дозволи само пет гола! (ВИДЕО)

Во ракометот важи правилото дека голманот е половина екипа, а тоа вчера уште еднаш се докажа на натпреварот Данска-Чешка. Скандинавците се мачеа цело полувреме играјќи тесен натпревар со противникот, но по неговото влегување во игра се се промени.

Данскиот голман Емил Нилсен влезе во игра на крајот на првиот дел и од тогаш и и го даде потребниот ветер во грб на својата репрезентација која на крилјата на својот голман одигра маестрално второ полувреме.

За 33 минути на паркетот Нилсен имаше 13 одбрани, а по влегувањето во игра одбрани 9 од 11 упатени удари на противникот што беше натпревар за паметење. Големите репрезентации имаат класа голмани, а тоа секогаш излегува на видело, посебно на ваквите натпревари.

Нилсен прими само пет гола за 33 минути колку што беше на паркетот, и сосема заслужено ја доби наградата МВП на натпреварот.