Чесите Хорачек и Новотни ќе судат Македониja – Австриja

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

ИХФ ги делегираше чешките арбитри Вацлав Хорачек и Jири Новотни за денешната пресметка на Македониja и Австриja.

На дуелите со Унгарија и Холандија на Македонија и судеа скандинавски арбитри, додека на дуелот со Гвинеја, судиите беа од Молдавија.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија ќе се игра во „Вараждин Арена“ со почеток од 15:30 часот.