Червар за Лазаров: Добро ја проучил мојата книга – Македонија играше одбрана како никој досега!

Некогашниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар, ја анализираше групната фаза на ЕП.

Во интервју за хрватскиот „net.hr“, Червар ја потенцираше добрата игра на Македонија особено на мечот со Португалија и го пофали селекторот Лазаров за поставената одбрана.

„Лазаров добро ја проучил мојата книга. Тој со еден врвен играч како Кузмановски, кој порасна кај мене во Металург, и нова, поинаква одбрана, ја држеше Португалија на раб на елиминација, која потоа ја победи Данска. Да не им паднеше топката од рака двапати, Португалија ќе беше елиминирана“, вели Червар.

Хрватската легенда потенцираше на моментите како Македонија ги запре браќата Кошта.

„Тие проактивно играа одбрана каква што никој никогаш не играл, што го предлагам во книгата. Со тоа, тие целосно ги запреа браќата Коста и не им дозволија да се разиграат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на проактивна одбрана, одбраната 5-1 од најмодерен тип што ја предлагам во книгата и она што го игравме 5-1 таму од 2003-2004 година и онаа против Французите минатата година на Светското првенство, кога ги победи Хрватска“, изјави Червар.

Македонија го заврши настапот на ЕП на 14 место со пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија.