Поранешниот селектор на Македонија, Лино Червар, во моментов не е директно инволвиран во ракометот, но ги сподели своите очекувања од претстојното ЕП.
За „Лоб Спорт“ говореше за сите екс-ју репрезентации и нивниот настап на континенталниот собир.
Червар сметка ќе биде некоректно да се бара од Лазаров главна рунда на ЕП.
„Македонија тешко ќе може да се носи со Франција и Германија, ќе биде некоректно кон Кире Лазаров да се бара од него пласман во главната рунда, односно да ја помине групата. Евентуално може да се победи Швајцарија“, вели Червар.
Македонија денеска го стартува настапот на ЕП против селекцијата на Франција со почеток во 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.