Хрватска доминираше против Франција во преполната „Арена Загреб“ и славеше со 31-28 што беше доволно за место во финалето.
Некогашниот селектор на „коцкестите“, Лино Червар, вели дека Хрватска покажа дека се уште е велесила во ракометот.
„Покажавме дека сме се уште ракометна велесила, без оглед на тоа кој што зборува. Беше ова феноменален натпревар на нашите ракометари. Пофалби за сите играчи, стручниот штаб, за сите. Мислам дека покажавме што е хрватскиот ракомет. Ги „убивме“ Французите со она што потенцираа дека е демоде. Беа наивни како деца. Покажавме што значи нашата 5-1 зона, која сметаа дека е застарена, а таа 5-1 е модерна зона“, изјави Червар за „Нет“.
Ривал на Хрватска во финалето на Мундијалот во „Унити Арена“ во Осло ќе биде победникот од дуелот меѓу Данска и Португалија.