Некогашниот селектор на Македонија и Хрватска, Лино Червaр, по завршувањето на ЕП, се осврна на два од најголемите проблеми на модерниот ракомет, судењето и организацијата на големите натпреварувања.
Тој смета дека правилата дозволуваат преголемо надворешно влијание, што директно го уништува спортот.
„Ако правилата наскоро не се променат, мислам дека ваков спорт не заслужува да оди на Олимписките игри во САД во 2028 година, бидејќи судиите не ја делат правдата. Правдата мора да постои, а ние тоа го почувствувавме на сопствена кожа, како и некои други репрезентации. Треба да се направи нешто за луѓе од страна да не можат да влијаат врз правилата. Ваков систем ги мотивира тие влијанија и директно се врши притисок врз судиите, па натпреварите повеќе не се рамноправни.
И тој ‘шоу-момент’ кога судијата ѝ објаснува на целата сала што досудил, за мене тоа е смешно, застарена технологија која се користела пред 50 години. Дополнително, организациските пропусти на Европското првенство беа неверојатни, тоа е посебна приказна. Играње натпревари ден по ден, со помалку од 24 часа одмор, тоа е недозволиво“, изјави Червaр за „Net.hr“.
Според него, решението лежи во промени во рамките на водечките ракометни организации.
„И Светската и Европската ракометна федерација имаат потреба од нови, млади и креативни луѓе кои овој, за мене најубавиот салски спорт, можат да го подигнат на повисоко ниво“, заклучи Червaр.

























