Чема Родригез и Унгарија во љубов до 2028 година

Ракометната федерација на Унгарија ја продолжи соработката со селекторот Чема Родригез до 2028 година.

Тој работи со машката репрезентација на Унгарија од 2019 година, но тогаш беше асистент на Иштван Гулјаш.

Во 2022 година ја презема селекторската палка, а под негово водство репрезентацијата го освои осмото место на СП 2023 и петтото место на ЕП 2024 година.

„Многу сум среќен и благодарен на унгарската федерација, со која го продолживме договорот до 2028 година. Репрезентацијата е големо семејство, како што секогаш сакам да кажам. Многу сакам да работам со момците и добро е што ми веруваат“, изјави Чема.

Следен голем предизвик за Унгарија ќе биде бараж двомечот со Литванија или Финска за пласман на СП 2025 година.