Ракометарите на Охрид веќе можат да го очекуваат 21 октомври и противникот во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
„Гладијаторите“ немаа никакви проблеми на првата средба против азербејџанскиот и славеа против Баку со 44-11. Голманот Чаневски блескаше на голот и успеа да одбрани дури 22 удари на противничките ракометари со 68 % успешност.
Победникот на дуелот беше решен уште по првите триесетина минути, кога Охрид водеше со 5-1, па 10-3, а на паузата беше 24-7.
Ројевиќ им даде минутажа на сите ракометари во второто полувреме, но резултатот само се зголемуваше во корист на македонскиот претставник до конечните 33 голови разлика.
Најдобри стрелци во тимот на Охрид беа Иванковиќ со девет, како и крилата Ојлески и Ѓукиќ со по шест погодоци, додека во составот на Баку, Мамадов даде четири гола.
Утрешниот реванш ќе биде само формалност и јасно е дека Охрид ќе се најде меѓу 32 екипи што ќе го продолжат својот европски пат кон трофејот во ЕХФ Купот. Вториот меч меѓу Охрид и Баку се игра утре со почеток од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.