Чаневски одличен, Макаби Ришон им се врати на победите во Израел

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде брани македонскиот интернационалец Градимир Чаневски, им се врати на победите во Израел.

Макаби Ришон славеше со 33-30 против Макаби Тел Авив во натпревар од трета рунда од плеј-офот.

Чаневски имаше минутажа на голот на израелскиот шампион и успеа да запре 11 удари на противничките ракометари.

Макаби Ришон Ле Зион по 14 одиграни меча се наоѓа на второто место на табелата со 23 бода, а во следното коло ќе игра дома со Хапоел Ашдод.