Најдобриот голман во израелскиот шампионат минатата сезона Градимир Чаневски, и оваа сезона ја игра на високо ниво.
Тој беше меѓу клучните поединци во триумфот на Макаби Ришон Ле Зион на гостувањето кај Макаби Моцкин со 35-27.
Македонскиот чувар на мрежата успеа да запре 11 удари од 28 упатени на противничките ракометари.
Шампионот Макаби Ришон Ле Зион сега е трет на табелата со 15 бодови, а следниот натпревар го игра дома против Аса Тел Авив.